Лосион за брзо и лесно расчешлување на косата

Расчешлувањето на долгата коса знае да биде многу болно, особено после миењето, но не и ако си го направите овој природен лосион.kosa_cheshlanje

Освен што лесно ќе ви ја расчешла косата, овој лосион ќе и даде сјај, а можете да го употребувате и на мокра и на сува коса.

Потребни состојки:

1 супена лажичка семки од лен
3,5 dl вода (најдобро е дестилирана)
½ кафена лажичка јојоба масло
3 супени лажици јаболков оцет
10 до 30 капки есенцијални масла по избор

Начин на подготовка:

Ленот и водата ставете ја во мало тенџерче и загрејте ја додека да зоврие. Потоа, намалете ја температурата и оставете ја да врие уште 15 минути. Тргнете го тенџерчето од шпорет, исцедете го и оставете го да се олади. Во исцедената течност измешајте го маслото, а потоа и јаболковиот оцет во кој сте ставиле од есенцијалните масла. Течноста ставете ја во шише со распрскувач во ладилникот, а доколку е премногу густа разредете ја со дестилирана вода.

Comments are closed.