Екипата на Академија Пандев одигра нерешено 1:1 на контролниот натпревар против романски Клинчени.
Александар Мишов беше стрелец на голот за Академија Пандев. На „Пандевци“ им преостануваат уште два пријателски натпревари, против Теута Драч во четврток и против Витоша Бистрица во сабота.