Четири здравствени причини да направите пауза за кафе

Иако има и свои негативни страни, конзумирањето кафе има сеопшто позитивно влијание на вашето здравје. Секако, доколку количината на кафе која сте ја испиле е во границата на нормалата. Практично  нема личност која не ужива во овој напиток кој нуди задоволство за сите сетила, а покрај тоа има и уште поповолни ефекти за вас.kafe

Кафето го намалува ризикот од дијабетес –  и тоа половина помал ризик од дијабетес тип 2 имаат жените кои пијат барем еден филџан кафе дневно, благодарејќи на тоа што го забрзува метаболизмот и ја подобрува толеранцијата на инсулин.

Кафето се бори против канцерогените ќелии – спротивно на некогашните претпоставки дека конзумирањето кафе всушност е една од причините за појава на ракот, пред се поради антиоксиданците и другите супстанци кои го намалуваат ризикот од сите видови воспаленија и оштетувања на ќелиите.

Кафето го намалува ризикот од деменција – иако на научниците не им е баш јасно кои негови состојки влијаат на тоа, но истражувањата покажале дека пиењето кафе може да го забави развојот на пример на Алцхајмеровата болест. Поединечни истражувачи се залагаат за теоријата дека тие кои пијат кафе едноставно имаат повеќе мозочни активности и повеќе енергија.

Кафето го намалува степенот на депресија – сите долгогодишни љубители на кафе се помалку депресивни. Пијт 4 и повеќе филџани дневно и ќе бидете посреќни и позадоволни со себе, најверојатно благодарение на кофеинот, кој ќе го зголеми вашето задоволство.

Comments are closed.