Академија Пандев загуби со резултат од 3:2 на конторлката против Славија Софија.
„Пандевци“ истрчаа без без половина екипа, која уште се мачи со цревен вирус, но и покрај тоа фудбалери одиграа добар меч. Првиот гол за Академија Пандев го даде Љупче Дориев од пенал, додека вториот по одличниот пробив на Зоран Ивановски дефанзифците на Славија Софија си дадоа автогол.
Денеска Академија Пандев ја очекува нов натпревар, против романскиот прволигаш Клинчени, кој ќе се одигра на стадионот во Разлог со почеток од 18:45 часот.