Академија Пандев го пречекува Вардар

Екипата на Академија Пандев во последното коло од Првата лига ќе го пречека Вардар на „Младост“ во Струмица.

АРХИВА

АРХИВА

„Пандевци“ се трети на табелата и без разлика на исходот од натпреварот сезоната ќе ја завршат на третото место на табелата, додека Вардар ќе заврши како втор за оваа сезона.

Натпреварот е закажан со почеток од 16:30 часот, а главен судија ќе биде Маркоски Марјан.

Академија Пандев обезбеди излез кон Европа, а со освојувањето на Купот на Македонија, се отвара можност и четвртопласираната екипа да обезбеди Европска сцена. Откако ФФМ потврда дека Вардар не ја доби потребната лиценца, со што нема право на настапување во квалифиакциите за Лига Европа, тоа значи дека местото на Вардар во квалификациите за Лига Европа ќе го преземе петтопласираниот тим на табелата во ПМФЛ.

Comments are closed.