ЖФК Тиверија загуби во финалето, Драгон го освои Купот на Македонија

Вчера во Кочани на стадионот „Никола Мантов“ се одигра финалето од фудбалскиот Куп на Македонија во женска конкуренција. Во одличниот и возбудлив натпревар, фудбалерките на ЖФК Драгон 2014 го совладаа тимот на ЖФК Тиверија од Струмица со 3:1.

ЖФК Тиверија - Куп на Македонија - Кочани - 2 место

Стрелци за головите за Драгон од Скопје беа Дервиши, Нацева и Живиќ, единествениот гол за Тиверија го постигна Димоска. Оваа победа на скопјанките е своевиден реванш за поразот во ланското финале, каде екипата на Тиверија со 5:0 убеливо славеше над Драгон.

 

Comments are closed.