ЖФК Тиверија денес против Драгон во финалето на Купот

Денес со почеток од 17:00 часот на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, ЖФК Тиверија ќе игра финале од Купот на Македонија во женска конкуренција против екипата на ЖФК Драгон од Скопје.

АРХИВА

АРХИВА

Во репризата од ланското финале, двете екипи ќе ги одмерат силите во борбата за освојување на трофејот. Во ланското финале кое се одигра во Пехчево, ЖФК Тиверија од Струмица забележа висока победа од 5:0 над трикратниот шампион ЖФК Драгон.

Оваа ќе биде трето финале по ред за ЖФК Тиверија.

Comments are closed.