Куп – финале: ЖФК Тиверија против ЖФК Драгон во Кочани

Екипата на ЖФК Тиверија од Струмица во четврток во Кочани ќе игра финале од Купот на Македонија, против ЖФК Драгон од Скопје.

АРХИВА

АРХИВА

Натпреварот кој се игра на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани со почеток од 17:00 часот, ќе биде реприза на ланското куп – финале во кое екипата на ЖФК Тиверија од Струмица славеше со резултат од 5:0 против трикратниот шампион ЖФК Драгон од Скопје. Ова е трето Финале по ред за ЖФК Тиверија Струмица.

 

Comments are closed.