ЖФК Тиверија загуби од ЖФК Драгон

Фудбалерките на ЖФК Тиверија од Струмица загубија од ЖФК Драгон од Скопје со резултат од 4:0, во натпревар од 23. коло од Првата женска фудбалска лига.

АРХИВА

АРХИВА

Екипата на Драгон доминираше во текот на целиот натпревар и одиграа многу подобро во однос на ЖФК Тиверија. На полувреме резултат беше 1:0 во полза на домаќините, кога постигнаа гол од пенал. Во вториот дел фудбалерките на Драгон постигнаа уште три погодоци за конечни 4:0.

ЖФК Тиверија во четврток повторно ќе игра со Драгон, но овој пат во финалето од Куп на Македонија, односно ќе гледаме реприза на ланското финале, каде Тиверија со 4:0 славеше над Драгон во Пехчево.

 

Comments are closed.