Беласица против Работнички на „Младост“ во најважниот натпревар во сезоната

Екипата на Беласица утре на „Младост“ ќе ја пречека екипата на Работнички од Скопје, во натпревар од 35. коло од Првата лига. Оваа коло е претпоследното коло за оваа сезона, а тоа значи дека Беласица утре ќе го игра последниот натпревар на домашен терен за оваа сезона.

АРХИВА

АРХИВА

Натпреварот на Беласица против Работнички е од големо значење во борбата за опстанок. Победа и три бода се единствената цел за струмичките фудбалери.

Беласица е деветта на табелата со 38 освоени бодови и има негатива од три бода во однос на Силекс од Кратово и Македонија ЃП од Скопје.

Работнички е шестти на табелата со 43 освоени бодови, а мотивот во оваа екипа за победа е зголемен, откако по добиеното дерби над Македонија ЃП со 2:0 во претходното коло, капитенот на „Романтичари“ вели дека дилемите околу опстанокот речиси се разрешени, и на две кола до крајот размислуваат повторно за четвртото место на табелата и можноста истото да води и во Лигата на ЕУФА.

Главен судија на натпреварот меѓу Беласица и Работнички ќе биде Ецкоски Марјан, а истиот е закажан со почеток од 16:30 часот.

Comments are closed.