РК Астраион убедливо го победи РК Партизан

Ракометарите на Астраион со убедливи 22:33 (11:16), го декласираа РК Партизан, во натрпевар од 11. коло од Првата лига – Плеј аут.

ФОТО: РК Астраион

ФОТО: РК Астраион

Екипата на Астраион со оваа победа останува лидер на табелата со 25 освоени бодови, додека Партизан е последен на табелата со 9 бодови.

Второпласирана екипа на табелата е Младост Богданци со 24 бодови, додека РК Аеродром со 19 бода е трета на табелата.

Во следното коло Астраион ќе игра против Весна Акумулатори во Струмица, додека Партизан ќе игра против РК Аеродром.

Comments are closed.