ПМФЛ: „Пандевци“ кон Европа, Беласица се бори за опстанок

Вчера се одиграа петте натпревари од 34. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Академија Пандев во Тетово забележа реми, играјќи 1:1 против екипата на Ренова. „Пандевци“ се трети на табелата со 57 бодови, имаат сигурен излез кон Европа, а во однос на второпласираниот Вардар, бодовната разлика е три бода, на две кола до крајот од сезоната. Ренова која води битка за третото место на табелата, сега е блиску и до битка да го избегне местото кое води во бараж за опстанок во Првата лига, бидејќи разликата е само два бода.

АРХИВА

АРХИВА

Шкупи на „Чаир“ на два пати не успеа да зачува предност со Беласица. Струмичани извлекоа бод од гостувањето, но сега се чекор назад во борбата за опстанок, бидејќи, Вардар „киксна“ во Кратово, па Силекс освој три златни бода бо борбата за опстанок. Беласица има негатива од 3 бода во однос на Силекс и Македонија Ѓорче Петров.

Шампионо Шкендија со убедливи 1:4 ја декласираше отпишаната Победа, која од следната сезона ќе игра во Втора лига, Работнички доминираше и со 2:0 победи со Македонија ЃП.

Лидер на табелата е Шкендија со 76 бодови, Вардар е втор со 60 бодови, додека Академија Пандев со 57 бодови е третопласирана. На долниот дел од табелата е Победа со 23 бодови, Беласица е деветта со 38 бодови, Силекс и Македонија ЃП со по 41 бод се на делбата на осмото, односно седмото место.

 

 

Comments are closed.