Беласица ремизираше со Шкупи на „Чаир“

Беласица од гостувањето кај Шкупи се враќа со бод, откако на „Чаир“ одиграа 2:2, во натпревар од 34. коло од Првата лига.

АРХИВА

АРХИВА

Чаирчани на двапати имаа водство, но не успееа да го задржат до крај, бидејќи струмичани израмнија. Беласица со оваа реми е чекор назад во борбата за опстанок, бидејќи има негатива од три бода во однос на Силекс кој е осми на табелата со 41 бод и Македонија Ѓорче Петров која е седма со исто толку бодови.

Во следното коло Шкупи ќе има дерби натпревар со Ренова во борбата за четвртото место на табелата, додека Беласица ќе игра против Работнички, екипа која е шестопласирана со 43 освоени бодови.

Во последното коло Беласица ќе има директен судир со Силекс во Кратово во борбата за опстанок во Првата лига.

 

Comments are closed.