Беласица против Шкупи на Чаир

Фудбалерите на Беласица во недела ќе гостуваат кај Шкупи на Чаир, во натпревар од 34. коло од Првата лига.

АРХИВА

АРХИВА

Беласица во претходното коло запиша многу важна победа во борбата за опстанок во Првата лига, откако со 3:2 ја совлада екипата на Ренова. Во недела струмичани ќе бидат исправени пред нов предизвик против Шкупи. Со евентуална победа, а реми или „кикс“ на Силекс против Вардар, Беласица би била осма на табелата.

Шкупи во моментот е четврти на табелата со 43 бодови, има бод повеќе во однос на Ренова која е петта на табелата, а негатива од девет бода во однос на Академија Пандев.

Натпреварот се игра со почеток од 16:30 часот, а главен судија на натпреварот ќе биде Бартон Јосип од Скопје.

 

 

 

Comments are closed.