„Пандевци“ во Тетово против Ренова

Екипата на Академија Пандев во недела патува во Тетово, каде ќе ги одмери силите со Ренова, во натпревар од 34. коло од Првата македонска фудбалска лига.

АРХИВА

АРХИВА

Академија Пандев која е трета на табелата со 56 бодови, обезбеди излен кон Европа, додека Ренова со 42 бодови е на петтото место на табелата, и до крајот на сезоната има можност да заврши максимало до четвртото место.

Во претходното коло „Пандевци“ беа убедливи против отпишаната Победа од Прилеп, додека Ренова во интересен и возбудлив натпревар загуби од Беласица на „Младост“ во Струмица.

Натпреварот кој се игра на градскиот стадион во Тетово, ќе започне во 16:30 часот, а главен судија ќе биде Влахо Константин од Скопје.

Comments are closed.