Бои кои им прилегаат на сите жени

Црната, темносината, виолетовата, кремастата и сивата се бои кои еднакво им одговараат  на сите жени, а секоја од нив испраќа и одредена порака!1082042117

 

Црна

Оваа боја и одговара на секоја жена. Во неа ќе изгедате елегантно и професионално. Црната одлично се вклупува и со другите бои, поради што е поприлично застапена во секој ормар.

Темносина

Темносината испраќа порака на угодност, сигурност и одговорност. Одлично одговара на секоја жена, а ја сакаме поради тоа што одлично се комбинира речиси со сите бои.

Сива

Иако може ви се чини дека оваа боја е помалку досадна, таа одлично им прилега на сите припаднички на поубавиот пол. Нејзината неутралност е она што и дава посебен гламур, а доколку ја искомбинирате со силни бои како црвена, жолта и портокалова таа дефинитивно повеќе нема да делува ни малку досадно.

Виолетова

Виолетовата е исто така една од ретките бои кои одлично им прилегаат на сите жени без разллика на бојата на косата и тенот. Таа остава впечаток на раскошност и самоувереност, а многу едноставно се комбинира со црна и крем.

Крем

Таа секогаш е тренд и може да се носи во сите сезони. Во оваа боја ќе делувате одговорно и елегантно. Ја сакаме затоа што може едноставно да се искомбинира со други бои.

Comments are closed.