Беласица во финишот славеше против Ренова и запиша три бода

Беласица на „Младост“ во Струмица ја победи Ренова со два гола во финишот, со што ги зголеми шансите за опстанок во Првата лига.

АРХИВА

АРХИВА

Фудбалерите на Беласица остануваат и понатаму на деветто место на табелата со вкупно 37 освоени бодови, со што бодовната разлика меѓу нив и Силекс е само 1 бод, откако кратовчани ремизираа во Тетово против шампионот Шкендија.

За Беласица овие три златни бодови се многу важни во борбата за опстанок во Првата лига. Во следното коло Беласица ќе гостува кај Шкупи, екипа која е пласирана на четвртото место на табелата со 43 бодови, додека Ренова ќе игра дома против Академија Пандев.

Лидер на табелата е Шкендија со 73 бодови, втор е Вардар со 60 бодови, додека „Пандевци“ со четири бода помалку се трети на табелата.

Comments are closed.