Академија Пандев против отпишаната Победа

Фудбалерите на Академија Пандев утре на „Кукуш“ во Турново ќе ја пречекаат екипата на Победа од Прилеп, во натпревар од Првата македонска фудбалска лига.

АРХИВА

АРХИВА

Екипата на Победа од Прилеп веќе е отпишана и истата од следната сезона ќе се натпреварува во Втората лига. „Пандевци“ во моментот се трети на табелата со 53 освоени бодови и со победа над прилепчани ќе го заверат третото место на табелата.

Фаворитската улога е на страната на струмичани, кој утре од 16:30 часот на „Кукуш“ ќе треба да ја оправдат. Главен судија на натпреварот ќе биде Ралевски Благојче од Битола.

Лидер на табелата е Шкендија со 72 бодови, додека втор е Вардар со 59 бодови.

Comments are closed.