Беласица утре на „Младост“ против Ренова

Утре на „Младост“ екипата на Беласица ќе ја пречека Ренова, во натпревар од 33. коло од Првата македонска фудбалска лига.

АРХИВА

АРХИВА

Фудбалерите на Беласица повторно ќе бидат исправени пред предизвикот Ренова, во борбата за опстанок во Првата лига. „Гипсарите“ се пласирани на петтото место на табелата со 42 бодови, и играат одлична сезона, додека Беласица се наоѓа во зоната за испаѓање во Втората лига, односно е деветта на табелата со 34 бодови.

Со победа Беласица би имала ист број на бодови со Силекс, доколку кратовчани загубат кај Шкендија во Тетово.

Победа е отпишана и од следната сезона прилепчани ќе се натпреваруваат во Втората лига, Беласица е деветта со 34 бодови, Силекс е осми со 37 бодови, Македонија ЃП со еден бод повеќе е седма на табелата, додека Работнички со 39 бодови е шести на табелата.

Главен судија на натпреварот меѓу Беласица и Ренова ќе биде Мантев Петар од Неготино. Натпреварот ќе започне во 16:30 часот.

Comments are closed.