Беласица убедлива против Македонија ЃП

Екипата на Беласица со убедливи 3:1 ја победи Македонија ЃП на „Младост“ во Струмица, во натпревар од 32. коло од Првата лига.

АРХИВА

АРХИВА

Беласица со оваа победа останува и понатаму на деветтото место на табелата со 34 освоени бодови, додека Македонија ЃП со 38 бодови е седма. Силекс со убедливите 3:0 над Академија Пандев во Кратово остануваат осми на табелата со 37 бодови.

Во следното коло Беласица на домашен терен ќе игра против Ренова, екипа која е пласирана на петтото место на табелата со 42 освоени бодови, додека Македонија ЃП ќе има тежок натпревар против Шкупи.

Со евентуална победа на Беласица, а „кикс“ на Силекс кај Шкендија, тогаш Беласица ќе биде осма на табелата со 37 бодови, исто колку што би имал и Шкупи.

Лидер на табелата е Шкендија со 72 освоени бодови, Вардар е втор со 59 бодови, додека „Пандевци“ со 53 бодови се трети на табелата.

Comments are closed.