ЖФК Тиверија убедлива против ЖФК Тетово

Фудбалерките на ЖФК Тиверија од Струмица остварија убедлива победа од 9:1 над екипата на ЖФК Тетово.

АРХИВА

АРХИВА

ЖФК Тиверија беше убедлива во текот на целиот натпревар, а тоа се докажа уште во првото полувреме кога Тиверија имаше водство од 7:1. Во вториот дел од натпреварот, ЖФК Тиверија постигна уште два гола за конечни 9:1.

На овој натпревар фудбалерката Теодора Димоска го постигна 96-от официјален гол за ЖФК Тиверија Струмица и со тоа стана најдобар стрелец во клубот од формирањето до денес.

 

Comments are closed.