Академија Пандев против Силекс во Кратово

Фудбалерите на Академија Пандев утре гостуваат во Кратово, каде ќе играат натпревар од 32. коло од Првата лига против екипата на Силекс.

АРХИВА

АРХИВА

„Пандевци“ се осигурени на третото место на табелата со 53 бодови, додека Силекс води битка за опстанок во Првата лига и во моментот се осми на табелата со 34 бодови. Разликата меѓу Силекс и Беласица е само три бода, што во случај на пораз на кратовчани, а победа на Беласица над Македонија ЃП, тогаш двете екипи ќе имаат ист број на бодови.

Натпреварот се игра со почеток од 16:00 часот, а главен судија ќе биде Ецкоски Марјан од Охрид.

Comments are closed.