Беласица на „Младост“ против Македонија ЃП

Екипата на Беласица утре на „Младост“ ќе ја пречека Македонија ЃП во натпревар од 32. коло од Првата макеонска фудбалска лига.

АРХИВА

АРХИВА

Фудбалерите на Беласица ќе бидат исправени повторно пред тешка задачата во борбата за опстанок во Првата лига. Струмичани со 31 освоен бод се на деветтото место на табелата, и имаат негатива од 3 бода во однос на Силекс кој е осми и 7 бода во однос на Македонија ЃП која е седма и е над зоната за испаѓање.

Натпреварот се игра со почеток од 16:00 часот, а главен судија ќе Ставрев Александар од Скопје.

Лидер на табелата е Шкендија со 59 бодови, последнопласирана екипа е Победа со 23 бода.

Comments are closed.