Беласица деветта на табелата во Првата лига, се бори за опстанок

Беласица по 31 одигран натпревар во Првата лига се наоѓа на деветтото место со вкупно 31 освоен бод.

АРХИВА

АРХИВА

Во досегашниот тек од лигата, Беласица запиша седум победи, 10 ремиа и 14 порази, при што фудбалерите постигнале 28 погодици а примиле 41.

Бодовната разлика на табелата меѓу Силекс кој е осмопласиран и Беласица која е деветта е 4 бода, односно Силекс има 34, а Беласица 31 бод. Осмопласираната екипа преку бараж може да избори опстанок во Првата лига.

Во следното коло Беласица на домашен терен ќе игра против Македонија ЃП, екипа која е пласирана на седмото место со 38 бодови, додека Силекс на домашен терен ќе игра против Академија Пандев.

Comments are closed.