Академија Пандев на третото место во Првата лига

Екипата на Академија Пандев со освоени 50 бодови е на третото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига, по одиграни 30 натпревари.

АРХИВА

АРХИВА

Пандевци во досегашниот тек од сезоната запишаа 15 победи, пет ремиа и 10 порази. Во однос на останатите екипи, Академија Пандев има одиграно натпревар помалку, и истиот ќе биде одигран на 1 мај против екипата на Победа од Прилеп.

Фудбалерите на Академија Пандев досега имаат постигнато 35 подогоци, а имаат примено 25.

Во однос на Вардар кој е втор на табелата, „Пандевци“ имаат негатива од 8 бодови, додека во однос на Шкупи кој е четврти на табелата имаат плус 8 бода.

Лидер на табелата е Шкендија со 69 бодови, додека на дното од табелата останува и понатаму Победа со 23 бодови.

Comments are closed.