Модни трикови за визуелно подолги нозе

Генерално, секоја жена сака да ги истакне нозете и тоа во што подобро светло. Прв чекор се секако високите потпетици, но не се единствени.Legs_Photography

1. Висок струк
Полн погодок за визуелно издолжена фигура, дури и кога е во прашање тело со долги нозе. Имено, парчињата облека со висок струк прават склад а телото.

2. Бојата на хулахопки ускладена со чевлите
Доколку ги комбинирате хулахопките со идентична боја на чевли, ќе добиете визуелен ефект на подолги нозе, а во летниот период овој трик постигнете го со чевли на полна пета или штикли во боја на кожа.

3. Салонки пред чизми
Чизмите, особено оние до глужд, визуелно ги кратат нозете, па затоа кога сакате да постигнете ефект на долги нозе секогаш посегнете по салонки.

Comments are closed.