Финалето од Купот меѓу Академија Пандев и Македонија ЃП ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“

Финалето од Купот на Македонија помеѓу екипите на МАКЕДОНИЈА ЃП и Академија Пандев ќе се одигра на 22. мај на Националната арена „Тодор Проески“ со почеток во 18:30 часот.

Куп на Македонија

Екипата на Македонија ЃП по третпат ќе игра за титулата во Купот на Македонија, додека Академија Пандевќ е дебитира во финален натпревар.

Тимот од скопската населба Ѓорче Петров го освои трофејот во сезоната 2005/06 година кога беше совладана Шкендија со резултат од 3:2. Три години подоцна Македонија ЃП загуби од Работнички со 2:0, а по една деценија ќе има нова шанса за освојување на пехарот од Купот на Македонија.

Академија Пандев минатата сезона по изведување на пенали загуби од Пелистер во полуфиналето, а веќе оваа година „Пандевци“ ќе играа финале и можност да ја освојат титулата во Купот.

Comments are closed.