ЖФК Тиверија убедлива против ЖФК Прилеп во Купот на Македонија

ЖФК Тиверија од Струмица оствари убедлива победа од 6:0 над ЖФК Прилеп, во првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија.

АРХИВА

АРХИВА

Стрелци на головите кај екипата на ЖФК Тиверија беа Бошевска, Ристовска, С. Велкова, Николовска и Димоска со два погодоци.

ЖФК Тиверија е на чекор од финалето во Купот на Македонија, каде најверојатно ќе се сретне со Драгон, екипа која со 0:4 славеше над Топ Гол.

Реваншите во женскиот Куп на Македонија се закажани на 8 мај.

 

Comments are closed.