Беласица утре игра против Вардар

Екипата на Беласица утре гостува кај Вардар на стадионот „Борис Трајковски“, во натпревар од 31. коло од Првата македонска фудбалска лига.

АРХИВА

АРХИВА

Струмичани и на овој натпревар се пред тежок испит во борбата за опстанок, бидејќи се наоѓат на деветтото место на табелата, и имаат само бод негатива во однос на Силекс кој е осми.

Од Вардар велат доколку биде се во ред, ќе напаѓаат за победа над Беласица. Вицепрвакот Вардар е втор на табелата со 57 бодови, има негатива од девет бодови во однос на Шкендија која е прва, а 10 повеќе во однос на Академија Пандев која е трета.

Беласица повторно ќе има тешка задача, победа за опстанок во Првата лига. Работата се отежнува со тоа што Силекс ќе игра против Победа, каде е благ фаворит за победа и три бодови.

Натпреварот се игра со почеток од 16:00 часот.

 

Comments are closed.