ДА ПОМОГНЕМЕ НА СТРУМИЧАНЕЦОТ ТОМЕ ЈАНЕВ!

Томе Јанев, струмички фудбалер кој има само 29 години, боледува од тешка болест и потребна му е помош за лекување во странство.

Јанев, кој последен пат настапуваше за струмичка Беласица, боледува од ALS – болест на моторниот неврон.

58442086_644233602694185_1098574620530835456_nОд Струмица испратија апел, дека за да се подобри неговата состојба потребно е да оди на третмани во болницата “Sential” во САД, но сумата од 44.500 долари е преголема за него и неговото семејство.

  • Да му помогнеме на Томе. Да ја покажеме хуманоста на дело!

143-454 (Телеком)

Трансакциска сметка: 210501707118375

Клубовите веќе почнаа да се обединуваат за помош, а со соопштение излегоа екипите на Академија Пандев и Тиквеш, од каде велат дека ќе донираат одредена сума на пари, а истовремено ќе ги донира и парите од влезниците од преостанатите домашни мечеви.

Comments are closed.