Академија Пандев гостува кај Шкупи

Екипата на Академија Пандев денес на стадионот Чаир ќе гостува на Шкупи, во натпревар од 30. коло од Првата македонска фудбалска лига.

АРХИВА

АРХИВА

Овој натпревар е последна можност за Шкупи да ја загрози третата позиција која води кон Европа, а во моментот третопласирана екипа е токму Академија Пандев.

На последните пет меѓусебни натпревари, Шкупи има добиено четири, додека Академија Пандев само еден, со минимален резултат од 1:0.

„Пандевци“ ја чуваат третата позиција на табелата со 47 бодови, додека Шкупи е четврти со 39 бодови, исто колку што има и Работнички кој е петти.

 

Comments are closed.