Беласица со важен натпревар против Шкендија

Беласица денес на „Младост“ во Струмица игра многу важен натпревар против шампионот Шкендија, во натпревар од 30. коло од Првата македонска фудбалска лига.

АРХИВА

АРХИВА

Фудбалерите на Беласица денес ќе бидат на тежок испит, бидејќи се борат за опстанок во Првата лига. Во моментот Беласица е деветта на табелата со 27 освоени бодови, и има негатива од 4 бода во однос на Силекс кој е осми. Со евентуална победа денес против тетовци, а „кикс“ на Силекс кај Ренова, тогаш Беласица би се наближила на само еден бод до осмото место, кое преку бараж може да обезбеди опстанок во Првата лига.

Шкендија е лидер на табелата со 66 бодови, и има дури 12 бода предност пред второпласираниот Вардар, последна на табелата е Победа со 20 бода.

Comments are closed.