Даскаловски: Покажавме дека нашата Струмица знае да избере

Прес конференција на Марјан Даскаловски, шеф на Изборен штаб Струмица и претседател на ОО СДСМ Струмица.

58373531_2872318516119602_3848095448002723840_n

Почитувани граѓани,

Покажавме дека нашата Струмица знае да избере, знае да направи разлика меѓу НАПРЕД и НАЗАД! Со освоените 3 илјади гласови повеќе од опцијата која влече назад докажавте како и многу пати порано дека вие сте гласот на промените во нашата држава, каде граѓаните знаат да го направат вистинскиот избор и да покажат дека изборот е само еден-ЗАЕДНО НАПРЕД!

Ја користам приликата да ви честитам на правилниот избор и да ви се заблагодарам што го искористивте вашето демократско право на глас.
Слободарска и демократска Струмица, чии граѓани се научени на победи и препознавање на вистинските вредности, секогаш е со чист и јасен поглед во иднината и потврдува дека знае и може и на 5 мај, на вториот круг од претседателските избори, да ја потврди големата победа, но и да го зголеми бројот на освоените гласови.

Ве повикувам во преостанатите денови до второто изјаснување за избор на претседател на Република Северна Македонија да бидеме сплотени како и досега, да ги поканиме да излезат на гласање нашите сограѓани кои не гласаа завчера, бидејќи само ЗАЕДНО НАПРЕД Република Северна Македонија може да оди напред во НАТО и ЕУ, а не назад во времето кое го посакува и го нуди ВМРО ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседател.
Нашиот кандидат, Стево Пендаровски, зад кого стои голема коалиција, е кадарен заедно со нас да чекори напред. Стево е нашиот другар и пријател кој ќе ја води Република Северна Македонија по патот на прогресот.

Почитувани сограѓани,

И во претстојните денови како и досега Струмица треба да остане на браникот на прогресот. Да не дозволиме никој да не поколеба во нашата цврста верба за подоброто, човечкото, демократското, за нашето право да го направиме правилниот избор како и досега. Нашата Струмица знае и умее! Нашата Струмица е победничка!
Нашата Струмица знае да избере иднина со изборот на Стево Пендаровски за претседател. Затоа уште еднаш сите ЗАЕДНО НАПРЕД!

Comments are closed.