Ќе се гради базен во Струмица

Ќе се градат 14 пливачки базени за што се обезбедени средства во износ од 30.000.000 денари, одлучи денеска Владата.

влада-1

Базени ќе се градат во Штип, Чаир, Струмица, Велес, Неготино, Прилеп, Битола, Гостивар, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Тетово и Кичево, а општините треба да предложат локација и да обезбедат одобрение за градба.

Информацијата за реализација на проектот, како што соопшти владината прес-служба, е усвоена на денешната седница.

– Дополнително, со заклучок на Владата на РСМ, Агенцијата за млади и спорт е задолжена во наредните три години да ги планира и вклучи средствата потребни за реализација на договорот во буџетското барање за 2020, 2021, и 2022 година, а на општинитe Штип, Чаир, Струмица, Велес, Неготино, Прилеп, Битола, Гостивар, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Тетово и Кичево, им препорача да изберат и предложат локација, за која треба дa побараат и обезбедат Одобрение за градба, велат од владината прес- служба.

Comments are closed.