КУП: Академија Пандев кај Победа во реваншот од полуфиналето

Фудбалерите на Академија Пандев во среда ќе патуваат во Кавадарци, каде на градскиот стадион ќе се одигра реванш натпреварот со екипата на Победа од Прилеп.

АРХИВА

АРХИВА

Во овој натпревар Академија Пандев влегува со преност од два гола, откако на „Младост“ во Струмица, „Пандевци“ со 3:1 беа подобри од прилепчани.

Главен судија на натпревар ќе биде Јакимовски Дејан од Скопје, и истиот е закажан со почеток од 15:30 часот.

Другиот полуфинален натпревар е помеѓу Македонија ЃП и Беласица, каде струмичани имаат негатива од 0:1 од првиот натпревар.

Comments are closed.