КУП: Беласица против Македонија ЃП во реваншот од полуфиналето

Во среда на стадионот „Ѓорче Петров“ во Скопје, Беласица ќе гостува кај екипата на Македонија ЃП, во реванш натпреварот од полуфиналето од Купот на Македонија.

АРХИВА

АРХИВА

Во овој натпревар домашните фудбалери влегуваат со предност од еден гол, откако во Струмица со 0:1 беа подобри од Беласица. Главен судија за овој натпревар е Ецкоски Марјан од Охрид.

Од Беласица се надеваат на многу подобри игра од онаа во првиот натпревар, како и победа која ќе ги однесе во финалето од Купот на Македонија.

Другиот реванш натпревар е помеѓу Победа и Академија Пандев, каде „Пандевци“ имаат предност од 3:1.

Comments are closed.