Успешно заврши третиот Југоисток јуниор куп во организација на РК Астраион

Вчера успешно заврши третиот Југоисток јуниор куп во ракомет, кој го организираше РК Астраион, а се одржуваше во Струмица.

ФОТО: РК Астраион

ФОТО: РК Астраион

Прво место на овој куп во ракомет зема екипата на РК Партизан од Гевгелија, второпласирана беше екипата на РК Младост од Богданци, трет заврши Астраион од Струмица, а четврти беа ракометарите на Вардар од Неготино.

За најдобар стрелец беше прогласен Узунчев Тодор од РК ПАРТИЗАН,за најдобар голман беше прогласен Ѓеоргиев Никола од РК ПАРТИЗАН, додека за најдобар играч беше прогласен Наумовски Стојан играч на РК МЛАДОСТ.

Следниот турнир ќе го организира РК ПАРТИЗАН Гевгелија.

Comments are closed.