РК Астраион поразен од Младост Богданци

Ракометарите на Астраион го забележаа првиот пораз во Првата лига – Плеј аут, откако со резултат од 25:22 загубија од Младост Богданци, во 7. коло.

АРХИВА

АРХИВА

Астраион останува и понатаму лидер на табелата во Плеј аутот со 18 бодови, додека Младост Богданци сега има 12 бодови и се наоѓа на третото место на табелата.

Второпласирана екипа на табелата е РК Аеродром со 15 бодови.

Во следното коло Астраион му гостува на Куманово, каде струмичани се апсолутни фаворити за нова победа.

Comments are closed.