Академија Пандев со реми против Вардар

Академија Пандев на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, ремизираше со Вардар играјќи 1:1, во натпревар од 27. коло од Првата македонска фудбалска лига.

АРХИВА

АРХИВА

„Пандевци“ во првото полувреме имаа негатива од 1:0, но во вториот дел со одличната игра, освен што израмнија на 1:0, имаа можност и да дојдат до посакуваната победа и трите бода, но сепак на крај натпреварот заврши без победник, а бодовите беа поделени.

Академија Пандев останува на третото место на табелата со 46 бодови, и натпревар помалку, додека Вардар е втор со 50 бодови.

Во слендното коло Макеонија ЃП ќе биде домаќин на Академија Пандев, додека Вардар ќе има тежок натпревар дома против лидер на табелата Шкендија.

Comments are closed.