Академија Пандев гостува кај Вардар

Фудбалерите на Академија Пандев ќе гостуваат кај екипата на Вардар, во натпревар од 27. коло од Првата македонска фудбалска лига.

АРХИВА

АРХИВА

Овој натпревар е важен и за двете екипи во борбата за второто место на табелата. Вардар со 49 бодови е втор на табелата, додека Академија Пандев со 45 бодови е трета на табелата, но има одиграно натпревар помалку, оној со Победа од Прилеп.

Натпреварот се игра утре на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, Скопје, со почеток од 15:30 часот. Главен судија на натпреварот ќе биде Ставрев Александар.

 

Comments are closed.