Струмичанецот Томе Ефтимов – најдобар млад научник за 2018 година

Од јануари 2019 година Ефтимов е постдокторски истражувач на отсекот за анализа на биомедицински податоци на универзитетот Стенфорд, Калифорнија, САД. Резултатите од научните истражувања на Ефтимов од последните пет години се објавени во меѓународни списанија со високи фактори на влијание, своето научно истражување го има претставено на повеќе меѓународни конференции и работилници, има одржано повеќе предавања поврзани со неговите истражувања на неколку Универзитети. TOME1Соработува со повеќе лаборатории и универзитети. Учествува во организација на повеќе меѓународни работилници и конференции и работи како рецензент во повеќе меѓународни научни списанија.

-Она што би им го препорачал на младите, без разлика дали себеси се гледаат во науката или не, е да веруваат во себе и во своите можности, но и верно да ги следат своите соништа. Само така тие соништа ќе станат убаво јаве. Кога се запишав на додипломските студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии, никогаш не замислував дека еден ден ќе се запишам и на докторски студии, ниту дека ќе бидам дел од Стенфорд. Но, воден од сопствените соништа и амбиции, сето тоа стана моја реалност и дел од животот кој го живеам, рече Ефтимов.

Доделувањето на признанието „Најдобар млад научник“, деветта година по ред на иницијатива на претседателот Иванов, има за цел  да го поттикне развојот и да ги стимулира вложувањата во науката, да ги поддржи научните установи и младиот научен кадар, но и да ги награди врвните научни достигнувања.

Comments are closed.