Јуниор Куп Југоисток во организација на РК Астраион од Струмица

Во недела со почеток од 11:00 часот во спортската сала „Парк“ во Струмица, ќе се одржи третиот турнир на новиот југоисточен проект за играчи родени 2004 година, каде организатор е РК Астраион од Струмица.

ФОТО: РК Астраион

ФОТО: РК Астраион

Учество на овој турнир ќе земаат четири екипи, РК Астраион од Струмица, РК Партизан од Гевгелија, РК Младост од Богданци и РК Вардар Неготино.

Во 11:00 часот е предвидено да се одигра полуфинален натпревар. Веднаш после овој натпревар, ќе започне и вториот полуфинален натпревар. Во 16 часот е предвидено да се одигра натпреварот за трето место, а веднаш потоа ќе се игра и финалниот натпревар.

На крајот  е предвидено да се доделат награди и пехари.

Comments are closed.