РК Астраион против Младост Богданци

Ракометарите на Астраион во сабота ќе гостуваат кај екипата на РК Младост Богданци, во натпревар од 7. коло од Првата ракометна лига – плеј аут.

АРХИВА

АРХИВА

Астраион е лидер на табелата со 18 освоени бодови и во Плеј аутот се уште немаат забележано пораз, додека Младост Богданци е трети на табелата со 9 бодови, а исто толку бодови имаат и Текстилец од Штип кој е четврти и Весна Акумулатори која е петта на табелата.

Натпреварот помеѓу РК Младост Богданци и РК Астраион се игра во сабота со почеток од 19:00 часот во салата „Млаз“. Судии на овој натпревар ќе бидат Илиевски Михајло и Илиевски Методија од Битола, а делегат на натпревар е Јанкулоски Сашо исто така од Битола.

Comments are closed.