ПМФЛ: Академија Пандев на третото, Беласица на деветото место на табелата

Во среда беше одиграно 26. коло од Првата македонска фудбалска лига, коло во кое немаше многу голови на средбите помеѓу екипите.

Академија Пандев на домашен терен забележа минимален пораз 0:1 од екипата на Шкендија, додека Беласица во Скопје против Работнички ремизираше со 1:1 и извлече значаен бод во борбата за опстанок во Првата лига.

АРХИВА

АРХИВА

Ренова на свој терен оствари победа од 1:0 против Шкупи, додека Победа ремизираше со Вардар играјќи 0:0. Во Кратово се одигра натпреварот помеѓу Силекс и Македонија ЃП, каде бодовите беа поделени меѓу двете екипи, бидејќи одиграа 1:1.

По 26. одиграни кола, Шкендија е лидер на табелата со 59 бодови, десет бода помалку има Вардар кој е втор на табелата, а третопласирана е екипата на Академија Пандев која има 45 бодови, но и натпревар помалку во однос на Вардар.

Четвртопласирана е Ренова која има 36 бодови, а три бода помалку има Шкупи кој е петти на табелата, а исто толку бодови има и Работнички кој е шестти.

Македонија ЃП со 31 бод е седма на табелата, додека кратовски Силекс со 25 бодови е на осмото место на табелата. Беласица е деветта со 23 бода, а Победа која има 19 бодови е на последното десетто место, но има и натпревар помалку одиграно, оној против Академија Пандев.

Во следното коло се играа следните пет натпревари. Шкендија ќе игра против Ренова, Академија Пандев има дерби натпревар против Вардар на гостински терен, Македонија ЃП е домаќин на Победа, Беласица ќе игра дерби за опстанок во лигата против Силекс во Струмица на „Младост“ и Шкупи на свој терен ќе игра со Работнички.

Comments are closed.