Академија Пандев во Струмица против Шкендија

Академија Пандев во 26. коло од Првата македонска фудбалска лига дома ја пречекува екипата на Шкендија.

АРХИВА

АРХИВА

„Пандевци“ во моментот се пласирани на третото место на табелата со 45 бодови, но имаат натпревар помалку одиграно, оној против Победа од Прилеп, додека Шкендија е лидер на табелата со 56 бодови.

На последните пет натпревар Академија Пандев бележи четири победи и еден пораз, а ист таков скор на последните пет натпревари има и Шкендија.

Натпреварот кој што се игра денес на „Младост“ е закажан со почеток од 15:30 часот, а главен судија на натпреварот е Ставрев Александар.

Comments are closed.