Беласица му гостува на Работнички

Фудбалерите на Беласица денес на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје ќе гостуваат кај екипата на Работнички, во натпревар од 26. коло од Првата македонска фудбалска лига.

АРХИВА

АРХИВА

Беласица која во минатото коло забележа значајна победа од 2:0 над екипата на Шкупи, се наоѓа на деветтото место на табелата со 22 бода, додека Работнички кој во минатото коло ремизираше со Македонија ЃП се наоѓа на шесттото место на табелата со вкупно 32 освоени бодови.

Работнички во последните пет кола бележи една победа, три порази и едно реми, додека Беласица на последните пет натпревари има едно реми, три порази и една победа.

 

Comments are closed.