Беласица конечно победи, славеше над Шкупи

Фудбалерите на Беласица во Струмица на „Младост“ со 2:0 ја победија екипата на Шкупи, во натпревар од 25. коло од Првата македонска фудбалска лига.

АРХИВА

АРХИВА

Новите три бода за Беласица се многу значајни во борбата за опстанок во Првата лига. Долгоочекувана победа, Беласица ја доближија до осмата позиција на табелата, откако кратовски Силекс загуби кај Вардар со 1:0, па така сега разликата помеѓу Беласица и Силекс е само два бода, додека во однос на седмопласираната Македонија ЃП, разликата е осум бода.

Победа загуби од лидерот на табелата Шкендија со резултат од 5:2, со што Беласица сега има предност од 5 бода во однос на прилепчани, но Победа има одиграно натпревар помалку, оној со Академија Пандев од 24. коло.

Во следното коло Беласица ќе игра против Работнички, додека Шкупи силите ќе ги одмери со Ренова.

Comments are closed.