Беласица на „Младост“ против Шкупи

Беласица во недела на „Младост“ го пречекува Шкупи, во натпревар од 25. коло од Првата македонска фудбалска лига.

АРХИВА

АРХИВА

Овој натпревар за струмичани е доста важен, потребни се бодови за да може да изборат опстанок во Првата лига. Беласица е деветтопласирана екипа на табелата, со вкупно 19 бодови, додека Шкупи е на делба на четвртото место со Ренова со по 33 бода.

Беласица има негатива од 5 бода во однос на Силекс кој е осми на табелата, а во однос на Македонија ЃП, која е седма на табелата, има негатива од десет бода.

Натпреварот на кој главен судија е Темелков Зоранчо ќе се игра со почеток од 15:30 часот.

Comments are closed.