ПМФЛ: Беласица со нов пораз во 24. коло, останува на 9. место на табелата

Беласица запиша пораз и во 24. коло од Првата македонска фудбалска лига, овој пат струмичани беа поразени од Ренова во Тетово, со резултат од 3:2.

АРХИВА

АРХИВА

Беласица останува и понатаму на деветтата позиција на табелата со 19 освоени бодови, додека Ренова е на делба на четвртото место со Шкупи кои имаат ист број на бодови, вкупно 33.

24. коло ќе биде комплетирано откако ќе се одигра натпреварот помеѓу Победа и Академија Пандев, натпревар кој што беше одложен за 1 мај.

Силекс во Кратово убедливо загуби од лидерот на табелата Шкендија со високи 0:3, дербито помеѓу Работнички и Вардар кое заврши со резултат од 0:2 му припадна на Вардар, додека Шкупи дома во последните минути од натпреварот прими гол за 0:1 и загуби од Македонија ЃП.

Лидер на табелата е Шкендија со 53 бодови, Вардар со 45 бода е втор, додека Академија Пандев со 42 бодови е трета, но има одиграно натпревар помалку. На долниот дел од табелата е Победа како последнопласирана со 18 бодови, но има одиграно исто така натпревар помалку, со што при евентуална победа над Академија Пандев во заостанатиот натпревар од 24. коло, би можела да се искачи место погоре на табелата со 21 бод. Беласица е деветта со 19 бодови, додека Силекс е осми со 24 бода. Македонија ЃП денес успеа да дојде до три значајни бодови и со 29 бода е седма на табелата, Работнички со 31 бод е шести на табелата, додека Шкупи и Ренова се на делба на четвртото место со по 33 бода.

Следното коло се игра во недела, каде Академија Пандев дома игра со Ренова, Шкендија ја пречекува Победа, Вардар на домашен терен ќе игра со Силекс од Кратово, Македонија ЃП е домаќин на Работнички, Беласица во Струмица ќе игра со Шкупи.

Comments are closed.