Беласица загуби во Тетово од Ренова

Беласица запиша нов пораз, откако во Тетово на гостувањето кај Ренова, загуби со резултат од 3:2, во натпревар од 24. коло од Првата македонска фудбалска лига.

АРХИВА

АРХИВА

Домаќините резултат го отворија во 8. минута со голот на Миовски, а веќе во 21. минута Рамадани погоди за 2:0. Гостите преку Мирчевски во 31. минута намалија на 2:1, а оваа беше и резултат од првиот дел.

Во вторите 45 минути, беа постигнати два погодоци, најпрво гол постигна Ренова преку Усеини во 75. минута, а во судиското продолжение Савиќ постигна гол за конечни 3:2.

Со овој пораз Беласица останува на деветтото место со 19 освоени бодови, додека Ренова со Шкупи се на делба на четвртото место со по 33 бодови.

Лидер на табелата останува Шкендија со вкупно 53 освоени бодови.

Comments are closed.